Обид за шверц на пиво во Саудиска Арабија во лименки од „Пепси“
Пограничните органи на Саудиска Арабија запреле пратка од 48 илјади лименки со пиво, што требало да бидат прошверцувани во земјата под етикетата на „Пепси“.
Шефот на царинската служба, Абдулрахман ал Махна изјави дека цариниците на преминот кај местото Ал Бата, на границата со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), го запреле големиот камион за рутинска проверка на транспортот.
При проверката на пакетите, цариниците откриле дека лименките на кои имали етикети на безалкохолен пијалак, всушност содржеле пиво.
- Брзо стана јасно дека зад невешто преправената ознака на безалокохолната „Пепси“ се крие алкохол, пиво, што требаше илегално да биде внесе во Саудиска Арабија, изјавил Махна за арапската телевизиска станица „Ал Арабија“.
Саудиска Арабија има мошне строги прописи поврзани со шеријатското право, според кое најстрого е забрането внесување и употреба на алкохол. Предвидени се мошне строги казни затвор и тепање со камшик за оние кои ќе ја прекршат забраната.
Возачот на камионит е уапсен, а полицијата се обидува да утврди кој стои зад обидот за шверц на пиво.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени