Oбид за самоубиство е излетувањето на возилото во Вардар кај Веро Џамбо
Во саботата автомобил со преголема брзина ја проби оградата на мостот кај Народна Банка и буквално летна во Вардар. Од снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види дека останатитe учесници во сообраќајот имале голема среќа што автомобилот не се удрил во нив.
Полицијата информираше дека возило излетало од пат, ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и завршило во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.
„Во СВР Скопје во 7:23 часот е пријавено дека патничко моторно возило киа со скопски регистарски таблички, управувано од В.К., ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ 8-ми Септември за укажување на помош“, информираше МВР во саботата.
Според МКД.мк станува збор за обид за самоубиство. Според нив, В.К. претходно бил во полициска станица, зборувал со полициски службеници, а потоа се качил во автомобилот и со намера да се самоубие тргнал кон Вардар.
Деталите со која брзина возел за сега не се познати, а се прават и анализи да се утврди дали возел под дејство на недозволени супстанци и алкохол. Возачот со повреди е префрлен во болница и се наоѓа на лекување.
Не се познати и детали за тоа зошто влегол во полициска станица.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора