Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија
Обединетите нации ја заменија референцата „Поранешна југословенска република Македонија“, со името „Северна Македонија“ во списокот на признати држави.
Промената во ОН е направена на 14 февруари во вечерните часови. Министерството за надворешни работи истата вечер ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава.
-Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени, информира тогаш Министереството за надворешни работи.
Договорот меѓу Атина и Скопје за посредништво со ОН за формално признавање на „Република Северна Македонија” е добредојден, „историски” чекор што треба да го поддржат регионалните и меѓународните земји-членки, објави претходно генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива