Обама разговараше со лидерите на Јапонија и Јужна Кореја за пробата на Пјонгјанг
Американскиот претседател Барак Обама разговараше телефонски со лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја, за меѓународен одговор и јакнење на санкциите против Северна Кореја, која наиде на глобална осуда поради вчерашното соопштение за тестирање хидрогенска бомба.
Обама и јужнокорејската претседателка Парк Геун Хе се согласиле дека треба да се заострат санкциите.
Во телефонскиот разговор, Обама „ја нагласи потребата за најсилни и сеопфатни санкции“ и рече дека „близу ќе ги координира мерките со Јужна Кореја за да се постигне целта“, соопшти кабинетот на јужнокорејската претседателка.
- Двајцата лидери исто така се согласиле дека Северна Кореја треба да плати соодветна цена за оваа последна нуклеарна проба и ветија дека близу ќе соработуваат на носење резолуција на СБ за ова прашање, се наведува во соопштението.
Парк претходно ја осуди пробата која лично ја наред севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун како „сериозна провокација“ и повика на „силен меѓународен одговор“.
Во разговор со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, Обама ја потврди „посветеноста на САД за безбедноста на Јапонија“ и двајцата лидери се согласиле да работат заедно на единствен и силен меѓународен одговор на безобѕирното однесување на Северна Кореја“.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина