-->
-->
Новоинфицирани шест лица од коронавирусот во Општина Дојран
-->
Шесте лица заразени со Ковид-19, кои во денешниот извештај на Министерството за здравство се прикажани во Гевгелија, потекнуваат од подрачјето на Општина Дојран кое се покрива преку ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија.
Епидемиологот д-р Сашко Олумчев информираше дека покрај шестмината инфицирани од Ковид-19,во Општина Дојран во изолација се ставени уште 20 лица кои веќе имале контакти со заболените и дека состојбата будно се следи.
Покрај Гевгелија и Дојран, ПЕ на Центарот за јавно здравје е задолжена за покривање и на Општина Богданци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето