Македонија
29. December 2015 - 11:32

Новогодишни подароци за семејствата на загинатите бранители од Ѓорче Петров

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски денеска оствари средба со роднините на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година и им подели пригодни подароци.

Митровски им се заблагодри на роднините за нивното активно учество во чествувањата на празниците поврзани со општината но и на оние кои се слават на државно ниво.

Градоначалникот Митровски уште еднаш истакна дека општината нема никогаш да ги заборави Бранко, Томе Д., Ивица, Раде, Ацо и сите останати кои загинаа во конфликтот 2001 година.