Новогодишната кошничка даде резултат
Министерството за економија и труд информира дека денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“, која почна да се спроведува од 15 декември 2024 година. „Новогодишната кошница“ беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и труд а надлежните пресметаа дека таа успеала да ги намали цените на храната за 0,3%.
-Се очекува и во статистичките податоци за јануари 2025 година во однос на декември 2024 година да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци, велат од министерството за Економија.
Оттаму велат дека во наредниот период ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе значат заштита на стандардот на граѓаните.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ