Македонија
23. December 2017 - 8:19

Новогодишен базар на плоштадот Македонија

Под мотото „Улицата на радоста” денеска на плоштадот  Македонија ќе се одржи новогодишен базар на кој ќе бидат понудени рачно изработени предмети, подароци, топли напитоци, храна и уште многу други содржини.

Базарот го организира Град Скопје и Конгресниот центар Александар Македонски, во соработка со Здружението на граѓани „Мата“ (Македонска артисанска трговска асоцијација) и ќе трае се до 31 декември до попладневните часови.

Од Град Скопје информираат дека од 28 декември најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.

На 31 декември точно напладне,  традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот Македонија.