Македонија
1. December 2023 - 16:38

Ново судење за Пендиков

Судскиот процес во Основниот суд во Охрид започна одново со исказ на Христијан Пендиков кој опиша што се случувало критичната ноќ.Во судницата беа присутни оштетениот Пендиков, првообвинетиот во предметот Илија Спасески и и второобвинетиот Борче Ангелов од Битола кои се изјаснија дека не се виновни.

На денешниот распит од страна на одбраната беше потенцирано дека во овој случај не станува збор за национална омраза туку за нерасчистени меѓусебни односи поврзани со дрога а беше потенцирано и дека во целата постапка замешана е и политиката.

Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, Пендиков пак ги демантираше ваквите тврдења бидејќи како што рече истите не биле поткрепени со доказ.

Следното рочиште од процесот е закажано за 7 февруари.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.