Ново соочување на аргументи, притвор или мерки на претпазливост за напаѓачите од М-НАВ
Осомничените за упадот во радарската кула на М-НАВ, утре ќе дознаат дали треба да одат во притвор. Нивниот адвокат за Сител вели дека денеска ја добиле жалбата на обвинителството кое не се согласува тие да се слобода, и како што вели Алиспахиќ, имаат рок од 24 часа да напишат зошто сметаат дека е неоправдано барањето за ефеткивен притвор. Убеден е дека обвинителството не може да докаже загрозување на воздушниот сообраќај.
„Жалбата ја примивме утринава. Секако, ќе побараме седница на кривичниот совет каде што ќе бидат присутни осомничените и бранителите. Јас се надевам дека исто така и Кривичниот совет кој ќе постапува ќе ги уважи нашите наводи кои беа и претходно изнесени, така што се надеваме дека во овој момент мерките на претпазливост се доволни за присуство на осомничените“, изјави Асмир Алиспахиќ, Адвокат.
Во Kривичниот суд го чекаат одговорот на адвокатите за да можат да ја закажат седницата. Неофицијално, утре тројцата судии ќе одлучат дали мерките на претпазливост ќе ги заменат со притвор.
По низата реакции за одлуката на судиите на претходна постпака, се огласи и Судскиот совет. Велат дека судовите се независни во постапувањето, а советот во рамки на своите надлежности ја следел работата на судовите.
Четворицата напаѓачи во петокот беа изведени пред судот заради загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Сите заминаа дома со задача да не комуницираат меѓусебно или со жртвата, но и да се пријавуваат во суд.. Обвинителството се плаши дека постои опасност да ја загрозат истрагата, па со жалба побара мерките на претапзливост судот да ги замени со притвор.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар