Loading Video...
Кошарка
28. December 2022 - 10:11

Ново историско достигнувањето на Лука Дончиќ, Далас за 33 секунди надополни 9 негатива

Изминатата ноќ, НБА лигата понуди десет натпревари, а оној што долго ќе остане во аналите на ова натпреварување е дуелот во Далас, каде домашниот тим по продолжение славеше над Њу Јорк со 126:121.
 
Тоа и не е невообичаено, ако не беа 9 поени предност (112:103) на гостите во завршните 33 секунди од регуларниот дел, но и неверојатниот Лука Дончиќ кој оствари ново историско постигнување. 
 
Најнапред Дончиќ на 4,2 секунди до крајот, погоди едно слободно фрлање, за второто да го промаши намерно. Но, Словенецот стигна до топката и со кош на секунда пред крајот израмни за продолжение (115:115).
 
Во него Лука постигна 7 од вкупно 60 поени со кои го заврши мечот, а на кои придодаде и 21 скок и 10 асистенции. Со ваквиот учинок тој стана првиот играч во историјата на НБА што остварил трипл-дабл и воедно го постави новиот клупски рекорд.
 
Од останатите натпревари ги одбелеќуваме ноите успеси на водечките екипи во конференциите. Водечкиот тим во Источната конференција, Бостон  предводен од Џејлен Браун и Џејсон Тејтјум кои заедно искомбинираа 77 поени го победи Хјустон со 126-102.
 
Лидерот на западот Денвер со триумфот нагости кај Сакраменто 113-106, ја впиша шестата победа на последните седум натпревари.