Loading Video...
Кошарка
1. January 2023 - 18:50

Ново историско достигнувањето на Лука Дончиќ

Изминатата ноќ, во НБА лигата се одиграа дури осум натпревари 
 
Лука Дончиќ повторно испиша историја. Словенецот имаше учинок од 51 поен, 9 скокови и 6 асистенции,  во победата на Далас на гостувањето кај Сан Антонио со 126-125. 
 
 Со тоа Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој на пет натпревари во низа уфрлил над 200 поени (225), а имал и по 50 скокови и асистенции. 
 
И Хрватот, Бојан Богдановиќ ќе ја памети новогодишната ноќ. Тој во мечот против Минесота кој неговиот тим Детроит го доби со 116:104, постигна 28 поени со што стана најефикасниот Хрватски кошаркар што настапувал во НБА лигата, минувајќи го легендарниот Тони Кукоч. 
 
Иако сезоната ја започнаа лошо, но сега кошаркарите на Бруклин се незапирливи. Популарните „мрежички“ ја забележаа и 11-тата победа во низа, совладувајќи го Шарлот на гостински терен со 123-106. Со оваа победа, вкупно 24-та, Бруклин се проби на втората позиција во Источната конференција со две победи помалку од лидерот Бостон, односно една повеќе од Милвоки и Кливленд.