Македонија
6. February 2021 - 16:38

Ново барање за итно затворање на дивата депонија во Струга

Итно затворање на струшката депонија и зајакнување на капацитетите на инспекциските служби бараат од Македонското здружение на млади правници. Вештачењето покажало дека дивата депонија која е лоцирана во самиот град ја загадува почвата, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето. Дислокација на депониите и безбедното управување со отпадот во регионот е и една од клучните забелешки на Унеско. 

Од Министерството за животна средина велат дека управувањето со отпадот е обврска на општините, со оглед нa тоа дека станува збoр за дива депонија тие отфраат секаква одговорност.

Со поднесената тужба од здружението на млади правници очекуваат судот  да ги задолжи Министерството за животна средина, општината и комуналното претпријатие конечно да го решат горливиот еколошки проблем во градот кој се провлекува години наназад.