Новиот турски амбасадор во Израел ќе стапи на должност на 12 декември
Новиот турски амбасадор во Израел, Кемал Јокем ќе стапи на должност на 12 декември, јави турската телевизија НТВ.
Според телевизијата, Јокем ќе замине во Израел на 10 декември и во следните два дена ќе ги заврши сите формалности поврзани со стапувањето на должност во дипломатското претставништво на Турција во Тел Авив.
Со стапувањето на должност на Јокем, турската Амбасада во Израел ќе почне со работа под раководство на амбасадор по 6-годишен прекин.
Јокем е експерт за Блискиот исток и бил надворешнополитички советник на поранешнито премиер Ахмет Давутоглу. Новиот израелски амбасадор во Анкара, Ејтан Наех вчера официјално стапи на функција.
Односите меѓу Турција и Израел се влошија во 2010 година откако израелски командоси убија 10 турски активисти од брадот Мави Мармара кој се обиде да ја пробие израелската блокада во Појасот Газа и да достави хуманитарна помош за Палестинците.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза