Новиот тренд ги освои жените: Ова лето се носи коса во боја на океан
Најновиот тренд „океанска коса“ станува се попопуларен и ги освои жените. Фризерите ги користат сите бои на океанот, со цел да постигнат совршена комбинација од сини нијанси на косите од своите клиенти.
„Океанската коса“ изгледа импресивно. Стилистите и експертите за коса користат различни тонови на сина боја - кобалтни, тиркизни, а понекогаш и зелена поради постигнување длабочина и димензии кои потсетуваат на морските бранови. Со такви разновидни бои, процесот на фарбање воопшто не е едноставен. Фризерот Британи Холанд од Калифорнија тврди дека процесот на фарбање трае околу четири часа.
Според друга фризерка Касеи О’Хара од Роквил, најголемата предност на „океанската коса“ е што трае многу подолго од другите разнобојни нијанси. Таа советува дека жените со „океанска коса“ треба да избегнуваат да ја мијат косата со многу топла вода, бидејќи на тој начин паѓа бојата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово