Новиот лидер на албанските џихадисти имамот Даци, Мухаџери е парализиран
Озлогласениот Косовец, Лавдрим Мухаџери, водач на албанските џихдисти не влегол ни во Македонија, ни во Косово, а ниту за миг не се оддалечил од неговото засолниште во рамките на ИД на окупираната територија во Сирија.
Веста ја пренесе Клан телевизија, повикувајќи се на странски тајни служби, кои ги отфрлаат деновиве пласираните информции дека „тој дошол на Балканот, и оти е засолнет во подрачјето на Тетово и дека се очекува илегално да влезе во Албанија или во Косово“.
- Лавдрим Мухаџери, според информациите на странските тајни служби е тешко парализиран и не може да се движи. Затоа последните информации „дека тој се наоѓа во селата во Тетовско, не се вистинити, јави телевизијата.
Од информациите на тајните служби и јавните појавувања на самите Албанци-џихадисти од ИД се потврдува дека има смена на врвот на хиерархијата на албанските џихадисти. На местото на тешко повредениот и парализиран Мухаџери, водач на албанските џихадисти е Алмир Даци, поранешен имам од селото Лешница кај Подградец, кој одиграл главна улога во регрутирањето и заминувањето на десеттици Албанци во ИД.
Мухаџери (26) потекнува од косовскиот град Качаник, а ја згрози светската јавност со фотографиите на кои обезглавува момчиња во Сирија и шета со нивните глави во рака. Тој е меѓу десетмината најбарани терористи во Сирија. Во два наврати светските медиуми пренесоа дека е убиен, но повторно се појавуваше со неговите „соборци“, но по последната вест дека е тешко ранет при водушен напад, пред неколку месеци него го нема на нивните фотографии.
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот