Новинарите на АФП го избраа Доналд Трамп за највлијателна личност во 2016 година
Според изборот на новинарите на агенцијата АФП, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е највлијателната личност во 2016 година, а потоа следат претседателите на Русија и на Турција - Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.
За изборот гласале сите новинари на француската агенција од сите редакции ширум светот.
Речиси 300 новинари гласале за личностите од предложената листа од 30 лица, кои биле избрани од уредниците на различни редакции на агенцијата, а кои како имиња најмногу се споменувале во нивните вести.
Четвртото место го зазеде Хилари Клинтон. Потоа следат поранешниот лидер на партијата УКИП, Најџел Фараж, сирискиот претседател Башар ел-Асад, американскиот претседател Барак Обама, папата Франциско, музичарот Боб Дилан и првата дама на САД во заминување, Мишел Обама.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција