Македонија
3. October 2024 - 16:33

Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција

Ахмети и ДУИ веќе се навикнуваат да бидат опозиција и тоа е добро. Останува уште да се реформираат. Ова е одговорот на премиерот Мицкоски на вчерашните пораки од Европскиот фронт дека ДУИ не се резервна гума за да влегуваат во Влада по потреба. Мицкоски вели  Европскиот фронт не успеа во првичните обиди за дестабилизација, па сега преминува на помека реторика за граѓански протести.

Слични пораки до Европскиот фронт испрати и Таравари по повикот Вреди да се приклонат кон алабанската опозиција за да му покажат на Мицкоски кои се црвените линии.

Мицкоски како хумор ги оцени и повиците на ДУИ за ветинг, на што пак, Ахмети одговори сепак, да се проба потсетувајќи дека законот бил предложен пред 4 години и во посредство со меѓународни претставници од Брисел и Вашинготн.

„Да видиме како ќе пројде хуморот. Јас не правам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека повели, сите ќе ги правиме,

На пораката на премиерот дека е задоволен од сработеното во првите 100 дена и дека тие поминале без афери и скандали, реагираа од опозциската СДСМ.

„Очигледно решил да се мајтапи со граѓаните или мисли дека никој не памти што се случуваше.. Скандал до скандал е Владата на Мицкоски, па можеби затоа не може да се сети, бидејќи скандалите за нив се секојдневие. Оваа коминчна интерпретација на Мицкоски повеќе делува несериозно или покажува дека тој не живее во реалноста“, велат од СДСМ.

Од паертијата на Филипче потсетија на настаните на скопскиот аеродром  и на границата со Косово во врска со собранискиот спикер Гаши, за средбата на претседателката Силјановска со Радев, но и за наводно подарен имот на Јанушев.