Новинари поминаа со оружје низ безбедносната контрола во Прашкиот замок
Управата на познатиот Прашки замок „Храдчани“ минатата недела воведе безбедносна проверка на сите туристи кои сакаат да ја посетат резиденцијата на шефот на државата Милош Земан и изминатите неколку дена се чека во редици за влез во познатата знаменитост на Прага, јави дописникот на МИА.
Аналитичарите сметаат дека тоа е само „козметичка заштита“ и дури претставува и поголема опасност, поради тоа што редиците се привлечна цел за потенцијални напаѓачи.
- Контролите можеби се оправдани, но видете го на пример атентаторот во Германија. Не го пуштија на фестивалот и ја активираше бомбата што ја имаше со себе на влезот. Или напаѓачите во Франција кои нападнаа откако не ги пуштиле на стадионот, вели Павел Черни, поранешен полицаец и инструктор за противтерористички единици во светски размери.
Тој смета дека претседателот Земан не е лесна цел за атентат во Замокот, бидејќи за тоа да се оствари би бил потребен цел камион со експлозив.
- Зошто некој би го загрозил претседателот на државата, кога истиот публицитет би го добил и со напад врз невини луѓе во воз?, оценува експертот.
За него, контролите кои се воведени неодамна пред влезот на познатиот Прашки замок, кој го посетуваат бројните туристи во чешкиот главен град, се непотребни, бидејќи се површински и недоволни за да можат да спречат вистински тероризам.
Ова денеска го докажаа и новинарите на весникот „Млада Фронта Днес“, кои објавија видео каде се гледа дека и покрај рутинската полициска контрола поминале со пиштол и нож долг дваесетина сантиметри кои ги имале во своите торби без да бидат откриени.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, едниот од репортерите пиштолот го носел на појасот, додека ножот бил пренесен во торбата во која полицаецот погледнал заради контрола.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф