Новинар тврди дека добивал закани од косовскиот премиер Мустафа
Приштинскиот новинар и уредник на порталот Inajderi.com, Вехби Кајтази тврди дека премиерот на Косово Иса Мустафа во телефонски разговор му се заканил дека скапо ќе го плати објавувањето на текстот за тоа дека братот на премиерот побарал азил во Германија и Франција.
Кајтази на својот Фејсбук профил објави дека во телефонски разговор вчера околу 17 часот Мустафа го прашал: „Зарем немаше со што друго да се занимаваш, освен со мојот брат“.
Кајтази го контактирал портпаролот на Владата за да побара појаснување за таквото однесување на премиерот, но тој, како што тврди новинарот, му рекол дека е на пат и дека не може да стапи во контакт со премиерот.
Претходно премиерот Мустафа ја потврди веродостојноста на информацијата објавена на порталот, за тоа дека неговиот брат побарал азил во Франција и Германија.
- Тоа е точно. Јас подоцна сум информиран дека мојот брат побарал азил за да се лекува од тешка болест, за која не можел да најде лек на Косово, напиша Мустафа на својот профил на Фејсбук.
Мустафа нагласи дека неговиот брат е опериран во Тирана и дека неговата состојба е тешка. Исто така, тој напиша дека неговите внуци и другите роднини кон крајот на 2014 година го напуштиле Косово.
Новинарот Кајтази, како што објавија приштинските медуми, е повеќекратен добитник на награди за истражувачко новинарство. Тој награди добивал за текстови објавени во весникот „Коха диторе“, каде работел до пред неколку месеци, кога го основал порталот.
Ново на Сител
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
-
Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1
-
Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан