Македонија
28. May 2016 - 12:45

Информација од експертите: Еве како да извадите крлеж - никако не го вртете!

Сите знаеме за препораките за вадење на крлеж, дека тој треба да се влече нагоре и да се врти во истиот момент. Но сега експертите велат нешто друго и поефикасно.

Крлежите се најбројни во пролет и во лето, а повремено знаат да се појават и во есен. Со оглед на тоа што сите такаме дел од времето да го поминуваме во природа, треба да внимаваме на нив. Најчесто се фаќаат на места каде кожата е влажна и мека, стомак, пазуви, позади уши, врат,гради а кај децата и на глава.

Во моментот кога крлежот ќе ја пробие кожата, почнува да се храни со крв. Тогаш може да дојде до зараза, лајмска болест и многу други. Брзото отстранување е многу важно поради смалување на можноста од зараза.

Откако крлежот ќе ве полази, бара добро место за убод, а тоа може да потрае и повеќе часа. Затоа е препорачливо за време на прошетката во природа на секои два часа да се проверите да не имате нешто такво на себе.

Се напоменува дека крлежите се отстрануваат во пинцета, така што ќе го повлечете што повеќе накај неговата глава, само нагоре. Во случај главата да остане во кожата може да ја отстранице со стерилна игла. Многу е важно да внимавате на гардеробата. Се препорачуваат долги ракави, панталони ставени во чорапите, затворени обувки, светла облека...

Многу е важно да знаете дека ако ви се закачи крлеж никако немојте да употребувате алхолол бидејќи тој е премногу јак ќе го разнесе внатрешно на некој начин и потоа болестите веднаш ќе се прошират во вашата крв.

Најубаво ако не знаете како понатаму да посетите доктор за да не дојде до несакани последици, но треба да регирате максимум до 24 часа откако ќе го видите.