Нови правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија за македонските државјани
Поради големиот број на заболени, Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови КОВИД-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји.
Како што информираше вчера Министерството за надворешни работи, нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар.
За тие кои патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, освен ако се приложи доказ за извршена целосна вакцинација или за прележаност на болеста.
-За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина. Условот за поседување на негативен тест (ПЦР или Антиген), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица, соопштија од МНР.
Белгиската Влада пак, воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од т.н. „црвените зони“, меѓу кои е и Македонија.
Оние кои не се целосно вакцинирани или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од „црвената зона“, мора да поминат 10-дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.
Одлуката доаѓа поради зголемениот број на нови Ковид-19 пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија.
При влез во Австрија, мора да се обезбеди еден од следните докази – доказ за вакцинација или доказ за прележан KОВИД-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин од 10 дена, што може да биде прекинат по пет дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање