Нови покриви и лифтови за жителите на Карпош
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, најави реконструкција на покриви на индивидуални и стабени објекти како и реконструкција и изградба на лифтови на колективни згради повисоки од пет ката. За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени 36 милиони денари, односно 14 милиони денари за поправка и изградба на лифтови, и 22 милиони денари за реконтрукција на покривите.
- Важно е, да се напомене дека граѓаните ја обезбедуваат работната рака, а останатиот дел од инвестицијата е обезбеден од финансиите на локалната самоуправа. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните за поголем интерес и учество во реконстуркција на покривите , и покрај обнова на фасадите, овие станбени згради да бидат во одлична состојба и наредните 30 години, граѓаните да немаат никакви проблеми со своето домување- изјава Стевчо Јакимовски
Градоначалникот нагласи дека целта на оваа активност, во наредните пет до седум години е да нема ниту една куќа со салонитни табли, и исто така потенцираше дека при замената на покривите ќе се користи исклучиво лим во бела боја, обезбеден со средства на буџетот на локалната самоуправа, кој ќе ја подобри и климатската состојба во Општина Карпош .
-
Симон Лешков
Сите содржини од овој новинар