-->
-->
Нови мерки за социјална заштита во Берово
-->
Општина Берово воведува нови мерки предвидени во програмата за социјална заштита за 2020 година. Како што информираат надлежните, согласно предвидените средства од буџетот, во 2020 година предвидена е поддршка за сите категории граѓани.
-Со цел парите од Буџетот да се вратат директно кај граѓаните согласно програмата за социјална заштита за 2020 година, предвидени се неколку мерки со кои граѓаните ќе бидат дирекни корисници на буџетски средства. Меѓу тие мерки ќе ги напоменеме, стипендиите за талентирани ученици, субвенционирањето на учениците од прва година кои своето образование ќе го продолжат во гимназијата ,,Ацо Русковски”, субвенционирање на првачињата на почетокот од учебната година, како и грижа и поддршка на старите лица, истакнаа од општината.
Во програмата за социјална заштита за 2020 година, како што дополнија предвидени се финансиски средства во вредност од 2000 денари за секое прваче, за секој ученик во прва година кој своето образование ќе го продолжи во Берово, како и дополнителни средства за одлични ученици, кои постигнале врвни резултати на републички и меѓународни натпревари.
-Истовремено, општина Берово, покажува грижа и за највозрасната популација, при што предвидени се и средства за зголемување на капацитетот на домот за стари и за давање сервисни услуги на стари лица во домашни услови, дополнија од Општината.
Од општината со овие мерки очекуваат да се подобри животот на сите категории граѓани во општествената заедница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден