Нови два разурнувачки шумски пожари во Калифорнија
Изминатата ноќ два нови големи шумски пожари повторно зафатија големи површини од американската сојузна држава Калифорнија, јави Си-Ен-Ен.
Сувиот воздух и силниот ветер помогнаа пожарите вчера да букнат во областите Напа и Шаста, а, според телевизијата, потоа и брзо да се прошират, уништувајќи се пред себе: вегетација, лозја и објекти, и покрај напорите на пожарникарите да ги совладаат пламените јазици.
Само годинава повеќе од 8.100 шумски пожари во Калифорнија зафатија области кои надминуваат вкупно стотици илјади хектари, а пожарникарите се уште се борат со 25 големи пожари.
Поради опасноста од двата последни пожари од своите домови евекуирани се повеќе од 1.800 лица, а околу 5.000 жители на Калифорнија веќе се предупредени дека е можно да треба да го сторат истото.
Ново на Сител
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора