Свет
28. September 2020 - 16:02

Нови два разурнувачки шумски пожари во Калифорнија

Изминатата ноќ два нови големи шумски пожари повторно зафатија големи површини од американската сојузна држава Калифорнија, јави Си-Ен-Ен.

Сувиот воздух и силниот  ветер помогнаа пожарите вчера да букнат во областите Напа и Шаста, а, според телевизијата,  потоа и брзо да се прошират, уништувајќи се пред себе: вегетација, лозја и објекти, и покрај напорите на пожарникарите да ги совладаат пламените јазици.

Само годинава повеќе од 8.100 шумски пожари во Калифорнија зафатија области кои надминуваат вкупно стотици илјади хектари, а пожарникарите се уште се борат со 25 големи пожари.

Поради опасноста од двата последни пожари од своите домови евекуирани се повеќе од 1.800 лица, а околу 5.000 жители на Калифорнија веќе се предупредени дека е можно да треба да го сторат истото.