Нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели прави корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија. Оттаму, утре напладне треба да ги соопштат новите цени кои ќе важат од полноќ следниот ден.
Со последната промена цените драстично се зголемија, во просек за 2,57%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,402 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,038 ден/кг.
Ново на Сител
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)