Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
Природното наследство сеуште е загрозено алармираат екологистите. Ендемичните видови на риба во охридското езеро се на црвената листа,а регионот е под закана и од дивоградбите, урбанизацијата и несоодветното планирање. Тие сметаат дека охридскиот регион требаше да биде ставен на Листата светски наследства во опасност.
Угостителските објекти навлегуваат до самиот брег на крајбрежјето а постојано се нарушува и автентичноста на градот децидни се еколозите.
Реактивната мисија на УНЕСКО во извештајот за Охридскиот регион повторно ја истакна итната потреба властите во Македонија да преземат конкретни и решителни чекори за да ги заштитат уникатните природни и културни богатства на Охрид.Најновата одлука на Унеско ќе се носи во средината на оваа година.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар