-->
-->
Нови 60 случаи на заразени со коронавирусот на крузерот „Дајмонд Принцес“
-->
Тестовите покажаа дека уште 60 луѓе на крузерот “Дајмонд Принцес“ закотвен во Јокохама, се позитивни за коронавирус, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Тоа значи дека бројот на случаи на коронавирус на бродот које претворен во карантин, се зголеми на 130, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извор од јапонското Министерство за здравство.
Прес службата на Министерството не соопшти такви информации.
Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.
На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени