Нови 27 случаи на заразени со делта сојот во Нов Зеланд, во Оукленд протести против седумнеделното „заклучување“
– Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд денеска соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата.
Британските медиуми јавуваат дека 1,7 милиона жители на Окленд во понеделникот ја чекаат владината одлука дали ќе останат и натаму „заклучени“ од остатокот на Нов Зеланд.
Дневниот број на случаи во последните денови варираше меѓу осум и 45, а вкупниот број на заразени во градот е 1.295.
Кон средината на август, премиерката Џacинда Ардерн го воведе тоа што требаше да биде „кратко и остро“ затворање на земјата, како одговор на појавата за заразата во Окленд, но додека остатокот од земјата се врати во нормалниот животен ритам, градот од северниот остров остана „заклучен“ веќе седум недели.
Ново на Сител
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ