Нова странска браунфилд инвестиција во Демир Хисар

Италијански производител на храна ќе отвора производствен погон во Демир Хисар и деновиве интензивно работи на монтажа на опремата која што беше транспортирана директно од Наполи.
Производствениот погон ќе биде сместен во приземниот простор на поранешната Стоковна куќа што инвеститорот го закупи на подолг временски период, информираат од општина Демир Хисар.
- Вредноста на инвестицијата ќе достигне 1 милион евра, најнапред ќе бидат вработени 10, а до крајот на годината уште 20 лица, но со потпишувањето договори со кооперантите ќе се зголеми индиректната полза од новата инвестиција во општината, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.
Во погонот во Демир Хисар ќе се врши дехидратација на лигуменози, односно од кооперантите ќе се откупуваат и изработува полупроизвод од зрнести плодови за потребите на индустријата за производство на супи. Ќе се откупува, преработува и пакува грав, грашок, леќа, леблебии и други рестенија, посочуваат од тамошната локална самоуправа.
По руската инвестиција на „Гришко“ во Слепче што започна со работа во 2012 година, овој погон е втора странска инвестиција во општина Демир Хисар.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
