Нова брошура: Како да се затоплуваме, а да не загадуваме
Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот е насловот на брошурата што од денеска ќе им се дели на граѓаните на територијата на Општина Аеродром, во соработка со Град Скопје.
Целта на оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенси за нивно квалитетно согорување при затоплување на домовите, што ќе придонесе за заштита на воздухот и на здравјето на луѓето, но и заштеда на финансиски средства.
Во брошурата се наведуваат информации за тоа какво дрво треба да се користи при затоплување на домовите, кои производи не треба да се палат, како што се отпад од растенија, весници, тетрапак, гума, дрво од мебел, боја, лак и слично, со кои ќе се подигне јавната свест за значењето на квалитетот на амбиентниот воздух, но и свеста за заштита на животната средина.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија