Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје

Утрово полицијата во нова акција во Арачиново пронајде оружје скриено во објект. Според неофицијални информации запленети се 11 парчиња автоматско оружје, а се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.
Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.
По акцијата на МВР, јавен обвинител пред два дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 лица членови на бандата Беланоца – Барон, за кои, како што информираа од ЈОРСМ, постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители, сториле кривични дела убиство, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Другите четири лица се товарат за кривично дело изнуда.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
