Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс изјави дека го разрешил амбасадорот на земјата во Велика Британија поради критичките коментари дадени за американскиот претседател Доналд Трамп.
На форумот во Лондон, амбасадорот на Нов Зеланд, Фил Гоф даде коментари кои се чини дека го доведуваат во прашање разбирањето на Трамп за историјата, мислејќи на споредбата со постапките на британскиот воен премиер Винстон Черчил, кој се спротивстави на нацистичка Германија.
-Претседателот Трамп ја врати бистата на Черчил во Овалната соба. Но, дали мислите дека тој навистина ја разбира историјата, праша Гоф за време на заедничката дискусија со финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен.
Питерс во денешното соопштение рече дека коментарите на амбасадорот на Нов Зеланд во Велика Британија се „длабоко разочарувачки“.
-Тие не ги одразуваат ставовите на владата на Нов Зеланд, рече вицепремиерот и министер за надворешни работи на земјата.
Гоф, поранешен министер за надворешни работи и пратеник на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, беше назначен за амбасадор во Велика Британија во 2023 година
Ново на Сител
-
Незаконско посвојување на дете за 5.000 евра: Мајката со потпис на нотар го предала старателството
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Македонија стана членка на СЕПА
-
Лицата со дијабет бараат државата да им обезбеди квалитетни сензори, глукомери и ленти за мерење шеќер во крвта
-
Мерко пред Струшкиот суд за поставување директори во основни училишта
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно