Loading Video...
Кошарка
16. April 2019 - 15:40

Нов трофеј за Валенсија во кошаркарскиот Еврокуп

Шпанската екипа Валенсија ја потврди својата доминација во второто по ред квалитативно клупско натпреварување Еврокупот. 
 
Валенсија по четврти пат е освојувач на Еврокупот, откако во решавачкиот трет натпревар од финалето го декласира составот на Алба Берлин со 26 поени разлика односно 89-63 и со 2-1 во победи ја освои шампионската титула. 
 
Најдобар кај Валенсија беше Вил Томас со 19 поени кој воедно беше прогласен и за МВП за финалната серија, додека Сан Еметерио и Бојан Дубљевиќ постигнаа  по 18 поени. 
 
За Валенсија ова беше четврти трофеј во историјата на Еврокупот (2003, 2010, 2014 и 2019 година), во нивното шестото учество во финалето.