Loading Video...
Спорт плус
13. January 2019 - 16:45

Нов триумф на Хиршер, сега во слалом

Австриецот, Марсел Хиршер  ја продолжува својата доминација во Светскиот куп во алпско скинање.  Откако вчера победи во велеслалом, денеска Хиршер беше најдобар и во слаломската трека, во Аделбоден.
 
Иако по првата трка, Австријците беа трет, сепак во второто возење Хиршер беше брилијантен, па зад себе ги остави Французинот,  Клемент Ноел за половина секунда, односно Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен кој имаше 71.стотинка послабо време. 
 
Ова беше вкупно 67-ма победа за Хиршер во Светскиот куп, па сега има 19 помалку од рекордерот Ингемар Стенмарк