Loading Video...
Спорт плус
29. August 2021 - 15:43

Нов триумф на Французинот, Квартараро

12-тата трка сезонава се возеше и во Мото ГП шампионатот.
 
Најбрз на патеката Силверстон на каде на  програмата беше британското Гранд-при беше Французинот, Фабиот Квартараро. 
 
До својата петта овосезонска победа возачот на Јамаха стигна пред Шпанците, Ринс и Еспаргаро од тимовите на Сузуки и Априлиа. 
 
Квартараро кој е лидер во генералниот пласман сега ја зголеми предноста во однос на конкурентите. Францизинот сега има 206 бодови дури 65 повеќе од второ рагнираниот сега Жоан Мир кој ги потисна Зарко и Бањаја на третото и четвртото место. 
 
Следната трка на програмата е на 12 септември во Шпанија.