Нов сообраќаен режим за време на пазарните денови во Гевгелија
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија му предложи на Советот на општина Гевгелија нов сообраќаен режим на улиците околу градскиот пазар со кој се нуди решение за сегашниот сообраќаен метеж за време на пазарниот ден во четврток.
Секој четврток кога е пазарен ден сообраќајот на улица „Миле Пецанов“ на потегот од крстосницата со улица „Сава Михајлов“ до крстосницата со улица „Леонид Јанков“ ќе се одвива еднонасочно, односно полукружно за да се влезе и излезе од просторот на пазарот, со што ќе се избегне разминување на возилата поради која се создава метеж и нервоза кај возачите, велат сообраќајните експерти.
Камионите со носивост до 3,5 тони, според нивниот предлог, ќе може да се истоваруваат на јужната страна од пазарот, но само во раните утрински часови.
Со предлогот се предвидува од 5 до 7 часот наутро камионите за истовар ќе влегуваат од јужниот, а ќе излегуваат од северниот влез поради што моментно се работи на адаптирање на просторот каде се наоѓаат скалите, посочија од Советот за безбедност на сообраќајот и нагласија дека по тој период истовар на роба ќе може да се врши исклучиво на паркингот пред т.н. полициска зграда. За такси возилата е определен паркинг просторот на градскиот пазар кој се наоѓа до детското игралиште на соседниот станбен блок.
За реализација на новиот сообраќаен режим ќе бидат поставени знаци според кои сообраќајната полиција ќе го регулира патниот промет.
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен