Свет
13. July 2018 - 9:13

Нов скандал на Јункер: Се тетеравеше и сопнуваше пред лидерите на НАТО, некои велат пијан бил, официјално од ишијасот му е!

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер синоќа пред гала вечерата на лидерите на НАТО изгуби рамнотежа неколку пати, одеше несигурно и се тетеравеше.

Јункер се сопнуваше и се тетеравеше до таа мерка што претседателите на Финска и Украина, меѓу другите мораа да му помогнат да остане на нозе, а го придржа и холандскиот премиер Марк Руте. 

За да се симне од скалите му помогна и македонскиот премиер Зоран Заев што беше забележано од камерите.

Јункер рече дека боледува од  ишијас кој понекогаш влијае на неговото движење.

Португалскиот премиер Антонио Коста рече дека Јункер се жалел на болка во грбот.

Оа кабинетот на Јункер не сакаа да ги коментираат овие наводи, повикувајќи се на приватност.