Loading Video...
Спорт плус
25. September 2022 - 14:26

Нов рекор на маратонецот Кипчоге

 
Кенискиот атлетичар, Елиуд Кипчоге повторно испиша историја. 
 
Тој на традиционалниот Берлински маратон постави нов светски рекор. 
 
Во најтешката атлетска дисциплина, маратонот, Кипчоге итрча ново најбрзо време. 
 
Кениецот делницата од 42.километри 195.метри ја претрча во време од 2.часа 1.минута и 9.секунди,  што е за 30 секунди побрзо од досегашиот рекор кој исто така беше во негова сопственост, а го постави токму на маратонот во Берлин во 2018 година.