Бизнис
4. April 2016 - 16:25

Нов оглас за самовработување на лица со инвалидитет

Над  12 илјади евра  помош можат да добијат лицата со инвалидитет за да се самовработат.

Парите ќе им користат  за отворање на  бизнисот,  обезбедување на потребниот материјал и опрема за работа и за вработување на потребниот кадар.  

Освен финансии, тие ќе добијат и обуки и помош за изработка на бизнис планот.  За оваа мерка државата за годинава издвои близу  800 илјади евра.

Ако лицето не е регистрирано  ниту како невработено ниту  како активен барател на работа, тоа може да го направи во центрите за вработување и следниот ден веќе може да аплицира за добивање на средствата. Ова е втор оглас за самовработување на лица со инвалидност.

Мерката ќе помогне тие  полесно да се вработат и да ја подобрат својата егзистенција.

Огласот за аплицирање е објавен денеска и ќе трае се до исполнување на предвидената квота. Ова е уште една мерка од оперативниот план за вработување за годинава.