Македонија
2. April 2019 - 17:21

Нов обид за договор за иднината на СЈО

Власта и опозицијата ги доближија ставовите за статусот на Специјалното јавно обивнителство, но се уште имаат големи разлики за тоа дали да продолжат постапките што сега ги води обвинителството на Катица Јанева и дали снимките ќе можат да њсе користат како докази пред суд. Преговарачките тимови на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ четвртатата рунда преговори ја оценија како многу конструктивна.

Според власта, решението за статусот на СЈО за кое се разговара сега е поблиску до она кое е предвидено во сегашниот предлог, а тоа е СЈО да биде посебно обвинителство во рамките на државнотот обвинителство.

Оптимисти за решение се и од ВМРО-ДПМНЕ, но велат и дека се уште остануваат големи разлики меѓу власта и опозицијата за законот.

Се менува и форматот на преговорите. Наместо работни средби на преговарачките тимови, власта и опозицијата ќе се сретнуваат на неформален начин. Ќе има средби и со претставници на меѓународната заедница. А, во преговорите ќе се вклучат и останатите помали парламентарни партии.

Министерката Дескоска повтори дека доколку наскоро се дојде до целосно договорено законско решение за јавно обвинителство ќе биде закажана седница во Собранието и за време претседателската кампања за тоа да биде донесено.