Нов напад со нож во Германија: Шест лица се повредени, тројца критично
Најмалку шест лица се повредени, од кои три се во критична состојба, во напад со нож во автобус во западниот германски град Зиген, пренесува ДПА.
Осомничена за синоќешниот напад е 32-годишна жена.
Германската полиција соопшти дека најмалку 40 луѓе се наоѓале во автобусот кој патувал на градскиот фестивал во Зиген, кој се наоѓа на околу 75 километри источно од Келн, кога се случил нападот околу 19:40 часот.
Неколку патници ја алармирале полицијата, а полицајците ја уапсиле осомничената, германска државјанка.
Мотивот на злосторството засега е непознат. Полицијата соопшти дека нема индикации за терористички напад.
Инцидентот се случи точно една недела по нападот со нож во западниот германски град Солинген, каде што беа убиени три, а повреди осум лица.
За нападот во Солинген е осомничен 26-годишен сириски државјанин, кој е во притвор. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава, иако германските власти се уште ја истражуваат веродостојноста на тврдењето.
Полицијата во Зиген ги повика граѓаните да не шират лажни вести на социјалните мрежи или други канали, а особено да не го поврзуваат инцидентот со терористички напад.
Ново на Сител
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
-

УНИЦЕФ: Речиси осум милиони деца во светот се неисхранети, секое петто дете умира од глад
-

Зголемен транспортот на стока со камиони во четвртиот квартал лани
-

Алиу: Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели поради констатирани недоследности
-

15-годишник украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти во Куманово
-

Тешко повреден 14-годишник откако со „опел“ се забил во бетонски столб во Прилеп
