Џет-Сет
16. April 2018 - 13:27

Нов кошмар и приреди сопругот на Наташа - лихвари ја бркаат пејачката

Како што дознава Ало, првата сериозна караница меѓу поп ѕвездата Наташа Беквалац и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ се случила кога се дознало дека тој долгува сриозна сума пари. Како што се дознава, ИТ експертот Лука должи 50.000 евра на  луѓе кои повеќе не сакале да ги чекаат парите, па секојдневно го притискале.
 
Бидејќи тој не ги враќал парите, повиците почнале да пристигнуваат и на адресата на Наташа.
 
-На големо се зборуваше и пишуваше за тоа, сега само екслираше. Тој должи големи пари на некои луѓе. Наташа почнала да добива повици од сите страни со кои и барале од неа да ги врати парите кои ги должи нејзиниот сопруг. Кога тоа го слушнала таа била шокираа. Не верувала што ја снашло, бидејќи на неа тоа и се нема случено досега-  открива изврот и додава дека тогаш дошло до првата расправија меѓу сопружниците.
 
Наташа сакала да разговара со Лука за се, меѓутоа тој одбивал да зборува за тоа и малку пред Велигден, се скарале. Лука го напуштил станот и отишол кај родителите на неколку дена, по што Наташа и тој ги средиле односите – рекол извор близок на Лука.
 
 
Само што помислила дека се е во ред, се случи последниот инцидент во нејзиниот стан, кога Наташа била претепана, а преку тоа не сакала да помине.