Нов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија „Среќни тркала“
Државна лотарија на Македонија воведе нов инстант лоз „Среќни тркала“ со кој има можност за 50 денари да се добие автомобил VW Passat.
Инстант лозот „Среќни тркала“ во фондот на добивки нуди седум автомобили VW Passat и парични добивки до 50.000 денари. Вкупниот фонд на добивки е 30.485.000 денари, а секој трет лоз е добитен.
- Добивката се дознава со гребење на сликата на автомобилот, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивка автомобил е остварена доколку во четири од деветте полињата се откријат симболи на тркала, по што лозот го носи името „Среќни тркала“, соопшти Државна лотарија на Македонија.
Во соработка со „Мотоцентар“ ДЛМ обезбеди подарок од сет зимски гуми за секој добитник на автомобил од инстант лозот „Среќни тркала“.
Инстант лозот „Среќни тркала“ е трет во серијата лозови под ова име. Првата серија нудеше автомобили Голф 6, а втората серија автомобили Поло.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева