Нов дефект на германскиот државен авион
Германскиот државен авион, кој во последните неколку месеци има бројни технички проблеми, денеска имаше проблем со гумите за време на слетувањето во Њујорк.
Со авионот леташе министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, кој поради тоа го пропушти почетокот на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН.
Мас допатува во Њујорк за да го преземе претседавањето со најважното тело на ОН. Оваа должност Германија ја презема првпат по седум години.
Авионот, иако имаше генерален ремонт пред четири месеци, сепак, не можел самостојно да стигне до позицијата за паркирање.
Ербас А340 имаше дефект кон крајот на ноември, кога германската канцеларка Ангела Меркел требаше да лета во Буенос Аирес на Самитот Г20. Тогаш таа беше принудена да го прекине летот и наредниот ден, со задоцнување, патуваше со комерцијален лет.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар