Нотарската комора член набљудувач на Советот на нотаријати на ЕУ
Нотарската комора на Република Македонија (НКРМ) едногласно е прифатена за член набљудувач на Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) на генералното собрание на ЦНУЕ, што во петокот се одржа во Брисел.
Претседателот на НКРМ, Васил Кузманоски, нотар од Охрид, кој беше присутен на генералното собрание во Брисел се заблагодари за дадената поддршка и доверба и оцени дека членството во ЦНУЕ е позитивен знак како за НКРМ, така и за Република Македонија, која чекори напред кон влез во ЕУ.
- Преку ЦНУЕ се отвора можност за доближување на нашиот нотаријат што е можно поблиску до европскиот, а тоа значи и можност за надоградување и проширување на видиците и дополнување на знаењето преку размена на искуства, порача Кузманоски.
Во своето обраќање тој ја истакна сериозноста на ситуацијата предизвикана во правниот промет на Македонија со Законот за нотаријатот од 2016 година, но и ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за правда за отпочнување на процесот за изменување и дополнување на Законот.
Ново на Сител
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот