Панихида во чест на Јордан Хаџи Константинов Џинот во црквата „Св Спас“ во Велес
Свештеници од Епархијата Повардарска по традиција на денешниот ден Спасовден во црквата „Св. Спас“ во Велес одржаа панихида во чест на Јордан Хаџи Константинов Џинот, еден од зачетниците на просветителството во Македонија и првиот драмски писател.
Во негова чест на неговиот гроб во дворот на црквата Св. Спас во Велес букети цвеќе положија делегации на општина Велес, од велешкиот театар кој го носи неговото име исто како и општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Протаереј м-р. Горан Панзов потенцира дека Јордан Хаџи Константинов-Џинот е голем човек кој дал многу за својот македонски народ.
- Затоа секоја година, токму на овој ден Вознесение Христово- Спасовден ние од Епархијата Повардарска и граѓаните на Велес му правиме парастос во негова чест и спомен. Тој на овој ден не е упокоен, но народот го поврзал токму со Вознесението Христово-Спасовден кое секоја година паѓа на различен датум во зависност од тоа кога е Велигден, информира Панзов.
Покрај воведувањето на народниот македонски јазик во училиштата, на што работел четири децении, Џинот е заслужен и за осовременувањето на наставата, затоа што прв вовел нови предмети. Работел и организирал приредби и училишни претстави, а ги извршил и првите метеоролошки мерења на времето во Македонија. Негово прво дело е „Таблица перваја“ внесена во употреба 1845 година.
Јордан Хаџи Константинов-Џинот бил роден на крајот на 1821 или почетокот на 1822 година, а умрел на 29 август 1882 година во Велес.
Ново на Сител
-
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски по втор пат
-
Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп
-
Минчев: Богојавление нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето
-
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
-
Илон Маск и неговите „обиди за мешање“ во европската политика
-
Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово
-
Сиљановска-Давкова: Богојавление – Водици нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици