Познат идентитетот на момчето кое загина во сообраќајката во Охрид
Дваесет и шестогишниот Д.Ј. од охридското село Велгошти е лицето што утрово го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи на една од главните собраќајници во Охрид.
Според соопштението на СВР - Охрид, несреќата се случила во 5:25 часот утрово на улицата Питу Гули“ кога Д.Ј. изгубил контрола врз возилото „Форд Мондео“ што го управувал, преминал на спротивната сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво.
Неговата смрт на местото на сообраќајната незгода ја констатирал доктор од Службата за итна медицинска помош, чија екипа набрзо пристигнала на улицата „Питу Гули“.
На лице место на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и дополнително техничко вештачење врз патничкиот автомобил за утврдување на околностите околу кои настанала незгодата.
Ново на Сител
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
69-годишна жена загина, дете се бори за живот по пад од зграда во Кисела Вода
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Ставил рампа и наплатувал 90 минути паркинг за 50 денари на јавно земјиште во Чаир
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка