Нови фито сертификати за поголема заштита на дошаното производство
Поголема заштита на домашното растително производство, е причината поради која Македонија од 1 јуни годинава ќе почне да издава нови фито сертификати.
Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка која ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а покрај основните информации, прикажани на македонски и на уште пет други јазици, имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство.
- Новите сертификати ќе овозможат максимална заштита на домашното растително производство. Испечатени се на 90 грамска хартија и со нив се потврдуваат квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт, истакна денеска на прес-конференција директорот на Инспекторатот Цветан Трипуновски.
Минатата година, информира, биле издадени 24.000 сертификати, од кои 20.000 за извоз и 4.000 за реекспорт, што значи дека се извезени 27.712 пратки со вкупна тежина од 360.000 тони, 4.000.000 садници и 6.616 метри кубни дрвен материјал. Лани се реекспортирани и 5.000 видови производи со тежина од 60.000 тони.
- Во текот на 2016 година, во соработка со службите од Руската Федерација, откриена е злоупотреба на 64 фитосанитарни сертификати со кои е направен обид да влезе производ на рускиот пазар, кој не потекнува од Македонија, додека за Белорусија се откриени 117 лажни сретификати и направен е обид за влез на продукти кои не се македонски. Затоа, за да се заштити домашното производство, одлучивме да ги воведеме овие нови фито сертификати, потенцира директорот Трипуновски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
-
ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии
-
ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија
-
Во Белград и денеска студентски блокади на повеќе локации, излегоа и ученици од некои училишта
-
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
-
Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем
-
Песов: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија
-
Светска програма за храна: Итно се потребни милијарди долари за да се реши проблемот со жариштата на гладта во светот